Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дали Ана Петровска ставила потпис на 22 мали хидроцентрали?

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Бени Шаќири на телевизиска дебата ја обвини противкандидатката Ана Петровска вадејќи документ со прашањето како една поборничка за здрава околина потпишала документ за изградба на 22 мали хидроцентрали.

Петровска на денешната прес конференција ги негира наводите на Шаќири тврдејќи дека се работи за клевета, но што говорат фактите?
На документот кој Шаќири го изнесе на увид на јавноста навистина стои потписот на Петровска. Оттука се поставува прашањето дали во управната постапка Петровска во својство на државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање имала право да не го потпише документот кој бил претходно подготвен од службите на министерството.

Петровска од позиција на државен секретар две години работеше практично како втор човек на Министерството за животна средина и просторно планирање додека со него раководеше Садула Дураку.

Малите хидроцентрали заедно со гасоводот на Водно беа најпроблематизираните прашања на невладините организации со зелена агенда заради кои тие остро ја критикуваа Владата во изминатиот мандат.

Во таа насока обидот на Петровска да печали политички поени на незадоволството од тие владини политики може да се квалификува како крајно лицемерен, имајќи предвид дека како втор човек во министерството за животна средина таа била потпишана на многу документи во процесот на овозможување почеток на работа на 22 мали хидроцентрали, се вели во соопштението на СДСМ Скопје.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК