Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Во националниот парк Маврово, Заев беше запознаен со проектот за следење на рисот кој е уникатен вид и е национален симбол

– Одржливиот развој на општините ќе обезбеди баланс помеѓу грижата за животната средина и економскиот развој, соопшти премиерот Зоран Заев попладнево на Фејсбук.

– При посетата на НП Маврово имав средба со претставници на Македонското еколошко друштво, кои ни го презентираа проектот за следење на рисот кој е уникатен вид и е наш национален симбол. Потенцираа дека се задоволни од одличната соработка и поддршка која ја имаат од МЖСПП.

За време на разговорот им најавив дека со изградбата на новите делници ќе имаме предвид, секаде каде што тоа е можно, секој автопат да има подземни премини или зелени мостови за заштита на животните и за поголема безбедност во сообраќајот, информираше Заев.

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕГЛЕ ВО НЕЈЗИНИОТ ДОМ, 84-ГОДИШНА СКОПЈАНКА ОГРАБЕНА – Две лица со сила ѝ одзеле пари и накит

ДЕСК

НАПАД ВО ГАЗИ БАБА – 32-годишен скопјанец пријавил дека го нападнале две лица

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ – Во пресметката учествувале лица на возраст од 26 и 30 години

ДЕСК