Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР со најава – еве какво време не очекува во наредните денови

Под влијание на поголема влажна воздушна маса, ќе продолжи да биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни и понекаде ќе надминат 20 л/м2 за 24 часа, а на места ќе се со пороен карактер и проследени со засилен ветер. Во понеделник ќе има и услови за појава на краткотрајна нестабилност проследена со засилување на ветерот и ретки грмежи.

Прогноза за 11.10.2021
Минимална температура: 7°C до 12°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд поинтензивни во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 12.10.2021
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 9°C до 14°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 13.10.2021
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 15°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Со нови 215.000 садници, Халкбанк и оваа сезона ја продолжува иницијативата „Еден милион садници за 5 години“

ДЕСК

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК