Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Поддршка за Душко Весковски, поддршка за „Најдоброто за Карпош“ од градоначалникот на Нова Градишка, Хрватска, Винко Гргиќ – Соработка преку која ликот и делото на Тоше Проески продолжува да живее

Ликот и делото на Тоше Проески продолжува да живее преку продолжување на оваа соработка.

Пораката за поддршка на Душко Весковски, ја праќа Винко Гргиќ – градоначалник на Нова Градишка заедно со претставници од општинската администрација.

Во 2018 година е склучен договор за меѓуопштинска соработка, трилатерален договор меѓу Општина Карпош, Крушево и Нова Градишка– ликот и делото на Тоше Проески ги спојува овие општини – кои го претставуваат животниот пат на Тоше Проески – Крушево раѓање и живот, Општина Карпош – последна адреса на живеење и Нова Градишка, место каде починува.

Тоше обединува. Потврда за ова е и меѓуинституционалната соработка, која се негува повеќе години.

Договорот за соработка се однесува на проекти во областа на спортот, образованието, културата и туризмот.

Во рамки на овој договор традиционално се одржува Меморијален турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески. Главен покровител на турнирот е Општина Карпош, а организатор е Здружението на стопанственици Власи „Мандра“.

Видео пораката во продолжение е снимена пред спомен плочата на Тоше Проески во Нова Градишка, чие поставување и иницијатива за изработка се токму на актуелниот градоначалник на Нова Градишка, кој во времето на трагичната несреќа на Тоше Проески бил архитект.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +