Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Наумоски: Го уредуваме коритото на реката Лепенец, а жителите на Ѓорче Петров добиваат најмодерно уреден кеј

Прес конференција на Александар Наумоски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров:

Сериозниот пристап во решавање на проблемите на граѓаните е основен мотив и во оваа програма ,,Најдоброто за мојата општина“.

Реализираме капитални проекти со кои значително се побрува животот на граѓаните во Ѓорче Петров.

Целосно го регулираме речното корито на Лепенец.

Во должина од 9 километри, од Никиштани, Орман преку Волково, Кисела Јабука, се до Даме Груев, мора да се уреди коритото на Лепенец.

Ѓорче Петров добива уреден и современ кеј со пешачка и велопатека, спортски терени и фитнес зони. Целосно осветлен кеј, поубав од оној во Скопје.
Вредноста на оваа инвестиција е пет милиони евра, средства кои ќе се обезбедат од Општината, Градот Скопје и Владата заедно со надлежните министерства.

Целосна функционалност на Лепенец за заштита на биодиверзитетот и заштита од поплави, со рекреација и партерно уредување.

Со кејот на Лепенец директно влијаеме врз затекнатите и несовесното создавање на дивите депонии.

Реализацијата на овој проект започнува 2022, завршува во 2025 година.

Почитувани,
Покажавме дека работиме во интерес на граѓаните.

Затоа одлучно, на 17 октомври закоружето го бројот 12.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК