2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Наумоски на МТВ: Со украдените пари за Белата палата ќе направевме Клинички центар, градинки и училишта

-Ние живееме во дигитален свет, во делот на иселување на младите државата има проблем, секој бара нов предизвик, но ние со проектот за изградба на Клиничкиот центар даваме еден траен белег на општината Ѓорче Петров, да се гради во областа на Веле поле, да се искористи за бањски туризам, хотели, мотели во вредност од 500 милиони евра, рече сегашниот и кандидат на СДСМ за иден градоначалник во гостувањето на дебатата на МТВ.

-Сите 7 капитални проекти кои ги ги ветивме се веќе реализирани, изградивме најмодерна градинка во Волково не само во Македонија туку и во Европа, базени, фотоволтаици, новата амбуланта, сменети се речиси сите азбестни покриви на училиштата, во новата програма има две нови градинки, само така ќе ги задржиме младите да функционираат во општината и државата. За споредба со парите за изградба на Белата палата ќе се направеа и Клинички центар и градинки и училишта, дополни Наумоски.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +