Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Италијанец признал дека извршил тешка кражба во Скопје

Од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи вчера во затворот „Идризово“ бил извршен службен разговор со 31-годишен Италијанец со иницијали И.Р, со престој во Скопје.

За него постоело сомнение дека на 9 септември минатата година на паркинг на улицата „Христо Татарчев“ извршил кривично дело тешка кражба.

И.Р. во целост го признал делото и го појаснил начинот на извршување, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +

Филипче: Организираната криминална група на Мицкоски ја држи државата изолирана од Европа

C +

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +