Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Џафероски: Времето на башибозукот на актуелната локална самоуправа завршува на 17 октомври

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Долнени од СДСМ, Аднан Џафероски:

Денеска, заедно со потпретседателот на СДСМ и Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги посетивме жителите на Црнилиште, Лажани и Дебреште.

Времето на башибозукот на актуелната локална самоуправа завршува на 17 октомври. На граѓаните на Општина Долнени им е доста од нивните лаги, манипулации и негрижа.

Додека тие 4 години не мрднаа со прст да направат нешто за општината, јас се обврзувам од првиот ден да ги засукам ракавите и со поддршка од централната власт да почнеме чекор по чекор да ги решаваме проблемите на граѓаните.

Време е за нови улици, патишта, водоводи, канализации и речни корита.

Време е за најдоброто за Долнени.

Можеби ќе ве интересира

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК

Филипче: Во Буџетот нема предвидено пари за спроведување на реформите

ДЕСК