24. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Спасовски од Арачиново: Изградивме 60 училишта и 60 градинки, една ќе има и тука

Тука сме да побараме поддршка за локалните избори и да го избереме најдоброто за вашата општина, СДСМ на чело најабројната и најразноликата коалиција, работевме отчетно, станавме гарант на стабилноста и безбедноста во регионот, рече Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи во Арачиново.

-Резултатите се видиливи, ја зголемивме минималната плата за над 6000 денари, просечната плата континуирано растат како и пензиите, градевме патишта, изградивме 60 градинки, 60 училишта, полициски станици, ја вративме довербата во полицијата, имавме концепт за едно општество за сите, Арачиново е концепт на дело, покажавме дека може да има соживот и рамноменрен развој, еднакви услови за живот и во урбаните и руралните средини, не ги делиме граѓаните по ниту еден основ,  зголемување на животниот стандард и инфраструктурата, ова е најдоброто и е постигнато за само четири години, рече тој.

Спасовски потсети дека реализирани се над 7000 проекти.

– Од централниот буџет ги раздолживме општините и 500 милиони евра за развој на локално ниво, а дел од средствата заврши и токму овде во Арачиново, најдобрите проекти носат развој, токму тоа го гледате тука, во времето на режимот најмалку се вложуваше, а СДСМ вложува во реални и видливи проекти, недозволиво е населено место на 10 км од Центарот да нема канализација, затоа изградивме 10 км канализација, за некој ден ќе почне да се гради и првата детска градинка, го реновиравме и старото училиште, нова општинска зграда, рече Спасовски.

Тој најави дека следуваат нови проекти кои ќе бидат моторот на промените, водоводна мрежа и прочистителна станица, дивата депонија стане парк.

Можеби ќе ве интересира

Му се слошило, па починал откако бил донесен во бесознание во клиника

ДЕСК

Гореа автобуси, минибус, камион, неколку автомобили во голем пожар во Куманово

ДЕСК

Повеќе повредени во тешка сообраќајка во Свети Николе

ДЕСК