Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Халими: Говориме низ конкретни дела, во новиот мандат ќе изградиме две основни училишта во Oпштина Арачиново

„Ние, во Општина Арачиново говориме со конкретни дела и работа и така ќе продолжиме уште посилно во вториот мандат“, порача пред своите сограѓани кандидатката за градоначалничка на Општина Арачиново на СДСМ и Коалицијата Милкије Халими.

Таа нагласи дека изминатите 4 години ги посветила на работа и реализација на проекти за „Најдоброто“ на секој жител на Арачиново.

„За прв пат во Арачиново градиме градинка за нашите деца, ќе изградиме основно училиште и тоа едно во Арачиново и друго во Мојанци“, нагласи Халими.

Таа најави дека во наредниот мандат секоја куќа ќе се поврзе на канализација и ќе бидат изградени прочистителни станици, а во зоната на дивата депонија ќе никне парк за сите љубители на природата.

„Арачиново продолжува напред! Мојанци, Грушино, Орланци и Арачиново го заслужуваат најдоброто, затоа на 17 октомври гласајте за „Најдоброто“, заокружете го бројот 12 за уште една голема победа на СДСМ и Коалицијата во Арачиново“, повика кандидатката за градоначалничка на Општина Арачиново Милкије Халими.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК