Долгови за струја, услуги, превоз, долговори произлезени од договори со јавни и приватни фирми, кампати…општините до пред само четири години беа жртви на недомаќинско работење и расипничко работење од страна на претходните градоначалници. Дури една третина од општините имаа акумулирано долг повисок од еден милион евра.
Ваквата состојба ги парализираше локалните самоуправи, кои наместо да се фокусираат и грижат за подобрување на условите за живот на граѓаните, тие мораа да мачат мака со цел да исплатат плати на вработените во јавните претпријатија. Наместо проекти за подобрување на инфраструктурата, општините беа приморани дополнително да се задолжуваат со цел да вратат претходни долгови и да го обезбедат непреченото работење на институциите и да продолжат да ги даваат услугите на граѓаните.
Во обид да се спречи дополнително подривање на локалните самоуправи и подобрување на условите во општините, Владата предводена од СДСМ реши да им помогне на задолжените општини да се раздолжат, со цел да овозможат подобар квалитет за живот на сите граѓани во земјава.
Во 2018 година, Владата издвои над 3 милијарди денари или околу 50 милиони евра неповартни и строгонаменски средства со цел да го зајакне фискалниот капацитет на општините, сервисирање на долговите и раздолжување кон стопанството.
Освен финансиската помош за раздолжување, Владата им наложи на општините ограничување при планирање на основниот буџет во делот на приходите. Општините може да планираат зголемување на приходите во основниот буџет најмногу до 10 отсто од просекот на остварените приходи во последните три години, со цел подолгорочна фискална и финансиска стабилност.
Освен оваа мерка, Владата реши да ја помогне работата на општините и со останати програми и мерки во вкупна висина од околу 500 милиони евра. Со овие пари се реализираа над 7 илјади проекти во сите општини.
Владата исто така ги насочи кон општините парите кои турската компанија „ТАВ Македонија“ требаше да ги вложи во изградба на кагро аеродром во Штип. Со 35 милиони евра беа поддржани над 90 инфраструктурни проекти во целата земја. Овие проекти придонесоа за зајакнување на локалната патна инфраструктура, водоснабдителна и канализациска мрежа, како и за реконструкција и изградба на градинки, училишта и спортски и здравствени објекти.