17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Герасимовски: Во ОУ„Коле Неделковски“ градиме кујна и нови училници кои ќе бидат готови до следниот септември

„Квалитетното образование е столбот на една економски силна и развојна држава, но тоа подразбира инвестиции не само во квалитетот на содржините и наставниот кадар туку и инвестициите во опрема и училишните објекти“, рече Горан Герасимовски, Кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата.

„Овде во Центар, веќе од следната учебна година во септември основното училиште „Коле Неделковски“ ќе има подготвени нови училници за дополнителен број ученици. Доградбата на „Коле Неделковски“ ќе биде со површина од 534 м², со цел да се опфатат сите деца според утврдената реонизација. Во доградбата се предвидени кујна и четири училници, а вкупната вредност на овој проект е 24 милиони денари. Дополнително на целата површина на училиштето од 2.500м², ќе се постави надворешна енергетски ефикасна фасада“, изјави Герасимовски.

Тој потсети на важноста од отворањето на ОУ„Киро Глигоров“ како најубаво, најмодерно и прво инклузивно училиште во целата држава.

Герасимовски изјави дека СДСМ преку низа проекти и реформи успеа да го подобри квалитетот на образованието за само 4 години со цел да се поттикне напредокот, растот и развојот на секое дете за тоа да може да го постигне својот полн потенцијал.

„Во ек на пандемијата и онлајн образованието учениците стекнаа и нови вештини како работа со компјутери користејќи мултимедијални содржини“, изјави Герасимовски.

За крај тој изјави дека е сигурен дека е сигурен дека граѓаните тој напредок го препознаваат и на 17 октомври ќе му ја дадат поддршката за продолжување на зацртаните проекти кои носат развој на општината.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Ветеното кон пензионерите целосно исполнето, отворени сите три пензионерски клубови

M T

Герасимовски: Жителите на Крњево и Кале добиваат нов пензионерски клуб

M T

Никогаш не ставајте ги овие четири работи во машина за миење садови

M T

Сакате да привлечете ПАРИ: Сменете ЧЕТИРИ работи во КУЈНАТА и парите ќе ви се залепат за прсти!

M T

Ги користиме секој ден: Овие работи во кујната се ЛЕГЛО НА ЗАРАЗА

M T

„РАМЕН СТОМАК СЕ ПРАВИ ВО КУЈНА“ Нутриционист открива ШТО да јадете за да се топи маснотијата!

M T