Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ упорно ја политизира несреќата и ги злоупотребува чувствата на граѓаните, истрагата тече, одговорност веќе има

Соопштение за јавност на СДСМ како реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ упорно ја политизира несреќата и ги злоупотребува чувствата на граѓаните, истрагата тече, одговорност веќе има

ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да ја политизираат несреќата и ги злоупотребуваат чувствата на семејствата на починатите во тетовската модуларна болница во дневно политички цели на крајно низок и неморален начин.

Утврдувањето на причините за пожарот се само еден сегмент од истрагата, а во меѓувреме се уште се чекаат и резултатите од вештачењето на германските експерти.

Веќе има и одговорност од директорите на тетовската болница кои поднесоа оставки, а кои ќе бидат разрешени по изборите, согласно законите.

ВМРО-ДПМНЕ, неодговорната, антинародна партија предводена од Христијан Мицкоски продолжува со своето деструктивно однесување на штета на граѓаните и здравствениот систем.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +