Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Герасимовски: До крајот на мандатот ќе доделиме 30 субвенции за кровови и лифтови на станбени згради

На вчерашната средба со граѓаните на урбаната заедница „Гајдик“ Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата и Коста Петров, директорот на ФИТР и член на ЦО на СДСМ, зборуваа за реконструкција на детско игралиште спроти тутунскиот комбинат, асфалтираната улицата и паркингот како и реконструираната фасада на ОУ „Димитар Миладинов“.

„Овде доделивме субвенции за кровови и лифтови во станбените згради и со тоа ќе продолжиме во следниот период. До крајот на мандатот ќе бидат доделени 30 субвенции за кровови и лифтови, 6 уште во првата година“, рече Герасимовски пред граѓаните.

Герасимовски рече дека важно е во Центар да се одржува хигиената поради што ќе бидат воведени „маалски пароли“, а преку ЈП ПОЦ кое ќе биде и комунално претпријатие ќе бидат набавени нови три цистерни за прскање на улиците. Исто така ги повика младите да бидат иновативни и да земат активно учество на конкурсите на ФИТР.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК