19.8 C
Скопје
24. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МакедонијаЛокално

Бочварски: Привршуваме со изградбата на социјалната зграда во Гевгелија

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска оствари работна посета на општина Гевгелија, каде изврши увид во реализација на инфраструктурни проекти што се градат во општината со поддршка на централната власт.

Тој заедно со директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски, и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, извршија увид во изградба на социјалната зграда и патниот правец во н.м Мрзенци.

„Се грижиме за најранливите категории на граѓани. Тука сме денес на увид во изградбата на социјалната зграда, која убеден сум дека ќе го реши станбеното прашање на 52 социјално ранливи семејства во Гевгелија. Вложуваме 79 милиони денари за изградба на овие станови, очекувам до април 2022 година зградата да биде завршена и да ги прими своите први станари.“– изјави министерот Бочварски.

„Преку проектот за Поврзување на локални патишта, во населеното место Мрзенци моментално ја реконструираме улицата Методија Андонов Ченто, значаен проект за локалните жители каде инвестираме речиси 10 милиони денари. Дополнително сакам да најавам дека во тек е подготовка на тендерска документација за реконструкција на водоводни и канализациони линии во општина Гевгелија, инвестиција вредна повеќе од 138 милиони денари. Наш приоритет се граѓаните и фокус ставаме токму на нив и на нивните потреби. Секој еден граѓанин ни е важен и така ќе продолжиме и понатаму.“ – истакна министерот за транспорт и врски, Бочварски.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Трајковски истакна дека во моментот се градат преку 700 социјални станови во државата.

„Очекувам во текот на наредната година, овој објект да го предадеме на Министерството за транспорт и врски и да започне постапката за распределба на сите овие станови кои се потребни на нашите граѓани од социјално загрозена категорија. Она што можам да го потенцирам е дека Владата на Република Северна Македонија, заедно со Министерството за транспорт и врски останува силно посветена на решавањето на проблемите на граѓаните и изградба на сите оние станбени единици кои се предвидени во иднина. Сакам да најавам дека во следниот период АД за стопанисување со станбен и деловен простор ќе се фокусира и на изградба на комерцијални станбени згради со што ќе понудиме нови станови со поволни цени на пазарот.“ – изјави Кристијан Трајковски, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Можеби ќе ве интересира

Бочварски: Го развиваме Дојранскиот регион, започнува реконструкцијата на три патишта во општина Дојран

M T

Бочварски: Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

M T

Бочварски: Ја спроведуваме најтемелната реформа во урбанизмот и градежништвото

M T

Бочварски: Привршува изградбата на обиколницата во Штип, експресниот пат до Радовиш готов до април 2022 година

M T

Бочварски: Експресниот пат од Градско до Прилеп за две години, а можеби и поскоро

M T

Бочварски: Досега како знак на благодарност се поделени 41 илјади картички на српските туристи

M T