Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Илиевски: Најдобрата понуда значи модерен градски пазар

Кандидатот за градоначалник на Куманово Оливер Илиевски денеска беше на Градскиот пазар во Куманово.

Средбата со производителите на земјоделски производи беше искористена да се сослушаат пропблемите и предизвиците со кои истите се соочуваат.

„Денеска сме тука да ги сослушаме проблемите со кои се соочуваат замјоделците и луѓето кои егзистираат од овој пазар. Ќе направиме решенија со кои ќе го подигнеме квалитетот на услуги на пазарот и ќе направиме можност за нови капацитети и проширување на пазарот“- истакна кандидатот Илиевски.

Замјоделците и производителите истакнаа дека имаат потреба од поголема поддршка од локалната власт сѐ со цел тековно да се решаваат просторните проблеми со кои се соочуваат на пазарот. Куманово го има еден од најснабдените пазари во нашата држава при што кандидатот за градоначалник Илиевски истакна дека ќе даде дополнителна поддршка во изнаоѓање на решенија со кои ќе се подобри севкупната услуга и на граѓаните и на производителите.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОСТАНУВААТ ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕ – Мицкоски вели дека ставот на Владата не е променет

ДЕСК