Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

209 санкционирани возачи во Скопје, 53 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 209 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53, 11 санкции за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири за непрописно престројување, пет санкции за некористење сигурносен појас, 81 мерка за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ 4 ДЕНА: Сончево време до крајот на седмицата, но утрата кријат замка – Еве каде ќе има магла

ДЕСК

Утре седница на ЦО на СДСМ и избор на ново партиско раководство, најави Филипче

ДЕСК

Филипче: Не е донесен ниту еден реформски закон, но затоа имаме партизација на секое ниво

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.