„За овие четири години во Пробиштип се реализирани низа капитални проекти. Инвестирано е како никогаш порано. Вашиот градоначалник Драган Анастасов во споредба со претходните четири години, реализираше пет пати повеќе проекти“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Пробиштип.
Тој додаде дека Анастасов бил упорен и редовен гостин во владата и министерствата лобирајќи за проекти за неговата општина.
Премиерот Заев кажа дека во изминатите четири години и локалните власти, но и централната покажале што значи вистинска грижа за сите.
„Во Пробиштип реализиравме доста инфраструктурни проекти и го поврзавме со источниот дел на земјата. Се градат 48 социјални станови во Пробиштип, се реконструираат улилишта и градинки“ рече Заев.
Тој додаде дека инвестициите во ваква инфраструктура неколкукратно ѝ се враќаат на општината, додека спомениците, музеите и жалните врби не враќаат ништо.