Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Град Скопје: Финансираме многу манифестации и проекти, но не ги организираме

Град Скопје обезбедува финансиска поддршка на многу манифестации и проекти од областа на образованието, социјалата, културата, спортот, но на никој начин не е вклучен во организацијата на тие проекти. По вчерашната објава и информации итно го прекинавме финансирањето на споменатиот извиднички одред.

Бараме од институциите на правдата да направат истрага бидејќи тоа е во нивна надлежност. Ваквите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ и поигрувањето со чувствата на загрозените ученици и родители, покажува само отсуство на почит и разбирање кон жртвите и во тешките моменти во коишто се наоѓаат, па уште и дополнително ги злоупотребуваат за дневен политички профит.

Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ нема никаква почит кон загрозените деца и родители и продолжува овој немил настан да го користи за дневни политички поени, затоа Град Скопје уште еднаш апелира да не се политизира овој случај да се покаже разбирање и почит кон загрозените ученици и родители, во овие тешки моменти во коишто се наоѓаат.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +