23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев од Виница: Минималната плата денес е 15.200, со тенденција до крајот на годината да изнесува 18.000 денари, на тоа мислиме кога зборуваме за Најдоброто

Никогаш ама никогаш порано не се инвестирало толку во општините и тоа со рамномерна грижа за сите општини и за секој регион. За само 4 години изградивме 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, 20 домови на културата, театри, општински згради, наследивме општини заглавени во долгови, без визија за иден развој, но веднаш започнавме со нивна промена кон добро и работиме на Најдоброто, порача претседателот Зоран Заев на вечерашната трибина во Виница.

Заев истакна дека покрај инвестирање во локалниот развој, се инвестирало и во човечкиот капитал преку зголемување на платите и пензиите и порача дека освен менување на методологијата за покачување на пензиите што ќе доведе до поголем раст на пензиите, до крајот на годината, повторно ќе се зголеми и минималната плата.

„За четири години просечната плата ја зголемивме за 6.300 денари. Порано минималната плата беше од осум до девет илјади денари а денес таа изнесува 15.200 денари, со тенденција, до крајот на оваа година, за два и пол месеци отсега, таа да биде 18.000 денари. Да се донесе ваква одлука е потврда дека економијата се движи во добар правец“ заклучи Заев.