13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Илиевски на ТВ21: Со странски и домашни инвестиции ќе ги вработиме младите во Куманово, нема да дозволиме да се иселуваат

,,Ние како Општина планираме да привлекуваме домашни и странски инвестиции и партнери се со цел младите стручни кадри да ни останат тука во градот, а не да ни бегаат во Скопје или пак во други градови , а уште полошо е кога ќе ни заминат во странство.

Ќе ја донесеме Европа во Куманово , а не да ни одат младите во Европа, изјави Оливер Илиевски кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата во предизборното соочување на ТВ 21.
Илиевски вели дека податоците покажуваат дека во општина Куманово, годинава нема 31 процент на деца од 6 годишна возраст кои требало да тргнат во прво одделение , што покажува дека се иселени од градот.

Има многу млади кои се иселени во странство, ако ги погледнеме податоците за запишаниб деца во училиште кои се родени пред 6 години, сега ги нема тие деца , а процентот е од 27 до 31 кои се родени во Куманово , а ги нема во училиште.

Според истражување на јавно мислење што се спроведува години наназад, зошто младите се иселуваат од државата, надвор во странство, Илиевски вели дека резултатите покажуваат дека на прво место е животниот стандард, на второ место пред 5 години била безбедноста , а на трето животна средина.
,,Сега истражувањата покажуваат дека младите ја напуштаат државата поради животниот стандард, на второ место е животната средина, а граѓаните со влезот во НАТО се чувствуваат безбедни во државата.

Локалната самоуправа може да влијае најмногу на животната средина , ама може да влијае и на животниот стандард’’- вели Илиевски.

,,Со привлекување на домашни и странски инвеститори и компании ќе ги задржиме младите во градот . Затоа во нашата програма имаме ставено гасификација на целата општина за 4 години.
Ние во Куманово имаме гасификација на целата општина , но се реализира многу споро. Со гасификација граѓаните ќе добијат чист воздух , но и ќе ги гасифицираме индустриските зони .
Ние бараме инвестиции , дали тоа се домашни или странски компании да инвестираат во индустриските зони , а ги немаме гасифицирано . тоа мора да се смени се со цел компаниите да добијат поефтин реагенс , да бидат поконкурентни на домашниот и странскиот пазар и да вработат млади луѓе со надпросечна плата , истакна кандидатот за градоначалник на општина Куманово од СДСМ и коалицијата, Оливер Илиевски.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Маричиќ: Со европската перспектива обезбедуваме повеќе европски програми и нови можности за младите

M T

Младите да бидат активно вклучени во носењето на одлуки – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во заедничка посета на Валандово

M T

Битиќи на конференцијата на ОЕЦД: Младите треба да имаат место на масата, нивниот глас мораме да го слушаме кога носиме одлуки за нивната иднина

M T

СДСМ: Македонската економија привлекува мултимилионски инвестиции

M T

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 14 %, раст на консолидираниот извоз од 20 %, со 127 нови вработувања во земјава и инвестиции од 8 милиони евра во периодот јануари – јуни 2022 г.

M T

Алкохолот им штети само на младите, а на постарите може ДУРИ да им биде корисен

M T