Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Актуелниот и иден градоначалник на Град Скопје Шилегов со реакција за лажните верувања на противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на градоначалникот Шилегов за лажните и паушални ветувања на Даниела Арсовска:

„Арсовска продолжува исто како вчера, со од ракав истресени проекти на кој никој не верува и служат за потсмев на социјалните мрежи. Ако вчера вети бесплатен превоз на кој цело Скопје се смее, денес ова го надополни со нова уште поголема лага, ветување за 250 нови автобуси. Во отсуство на конкретни решенија што се одлика на лоши и неподготвени кандидати таа мисли дека со мегаломански ветувања ќе го покрие своето незнаење и безидејност. Утопија се овие ветувања на Арсовска, додека готовиот план за Бас рапид системот се реалност која веќе се реализира“, реагира градоначалникот Шилегов.

Скопјани може да препознаат што е планиран, добро осмислено решение а што изборен лош политички маркетинг. Навистина очекував за некој кој се претставува како менаџер да има основен план во програмата и барем базично познавање како се управува со проекти, но Арсовска е лош менаџер кој нема ниту план ниту идеја за проекти, а има вреќа полна лажни ветувања“, потенцираше градоначалникот Шилегов.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК

ИВА МИХАИЛОВА СО НОВА ИЗЈАВА ПО СНИМКИТЕ ОД БУГАРИЈА – Тврди дека никој не ја принудувал на ништо

ДЕСК

УШТЕ 11 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Возеле без положен испит, под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК