Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Најчевска за Црвенковски: Ова е човекот кој ја внесе корупцијата на голема врата

Професорката Мирјана Најчевска се огласи на социјалните мрежи со коментар, откако експретседателот на државата, Бранко Црвенковски имаше критичен настап на МАНУ. Експретседателот го повика и актуелниот шеф на државата Пендаровски, со кој седеше на иста маса на денешната дебата, да покрене иницијатива за постигнување национална платформа, која би ги дефинирала клучните проблеми и цели на земјата, со прецизни рокови за нивно надминување и исполнување.

На говорот, изреагира Најчевска, која го искритикува Црвенковски

„Ова е човекот кој ја внесе корупцијата на голема врата, го легализираше непотизмот, создаде услови за меѓуетнички конфликт, а негативната кадровска политика ја издигна на ниво на догма“, напиша таа.

Црвенковски во говорот рече и: „Се направија крупни грешки“.

„Со денешниве сознанија и искуства, со оваа памет, сигурно дека многу работи јас лично би ги направил сосема поинаку. Но, за жал, како во приватниот живот, така и во политиката – времеплов не постои. Без разлика што ниедна од тогашните одлуки не беше донесена со лоши намери, туку верувајќи во тие и такви тогашни околности дека се правилни, од денешен аспект гледано негативните последици мора да се признаат. И за успесите што беа постигнати, но и за грешките што беа направени во периодот додека бев премиер, носам целосна одговорност“, истакна поранешниот претседател.

Оцени дека станавме членка на НАТО, но поради позициите на Бугарија, како што рече, не можеме да ги почнеме преговорите со ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +