13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОР

Герасимовски: Центар ќе стане зелена и чиста општина со капитални инвестиции и хумана урбанизација

Општина Центар ќе добие ново и поголемо зеленило, чист јавен простор, капитални проекти, организирана урбанизација и повеќе резидентни паркинг места. Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски на својата прва прес конференција со која ја почна изборната кампања за локалните избори 2021 ја претстави програмата која брои пет клучни столба и решенија за најголемите проблеми на граѓаните во Општина Центар.

„ Прво, решавање на проблемот со уличната хигиена. Со проширување на дејноста на ПОЦ во комунално претпријатие, општината ќе обезбеди чисти улици и паркови секаде и во секое време. Ќе обезбедиме „маалски патроли“ кои ќе бидат задолжени за грижа и заштита од уништување на јавното добро. Второ, Центарци заслужуваат повеќе, но пред се загарантирани резидентни паркинг места. Затоа, се обврзувам да обезбедиме целосно нови паркинзи на најпроблематичните места и тоа, во Дебар маало, Буњаковец и Капиштец. Трето, ќе се залагам за хумана урбанизација со заштита на јавните простори и земјиштето во сопственост на општината. Четврто, силно вложување во капитални инвестиции меѓу кои обнова на најмалку десет енергетско ефикасни фасади уште во првата година, а вкупно 30 до крајот на мандатот. И петто директна комуникација со граѓаните која ќе помогне во решавање и задоволување на сите потреби“, изјави Герасимовски.

Петте столба во програмата за кои зборува Герасимовски се резултат на разговорите, средбите и конструктивниот дијалог кој самиот ги оствари во изминатиот период. Тој потенцира дека внимателно, со добро осмислени проекти, без лажни и помпезни ветувања, следи забрзан развој и подобар квалитет на живот во општината.
На прес конференцијата Герасимовски ги претстави и кандидатите за советници чиј носител е Андријана Будимир Филиповски, професионален ракометен тренер, и за сите останати рече дека со своето искуство и знаење во различни области, се обврзуваат да работат чесно и одговорно, во интерес на граѓаните.

За крај, Герасимовски заврши дека следат многу значајни избори но верува дека СДСМ ја има најдобрата понуда, а граѓаните ќе бидат водени по принципите на отвореност, отчетност и чесност и заедно ќе продолжат по патот на развојот на Општина Центар.

Спонзорирано: