Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Бизнис

Бензините поевтинија, дизелот поскапи

фото Pixabay

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денара по литар, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС за 63, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 65 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 и килограм ќе чини 39,780 денари.

Стари цени Нови цени

Од 21.09.2021 Од 28.09.2021

Дериват ден/лит ден/лит

ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 72,00

ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 74,00

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д– E V) 62,00 63,00

ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) 64,00 65,00

БИОДИЗЕЛ Б6 БС 63,00 64,00

МЕТАН 37,50 ден/кг 37,50 ден/кг

АВТОПЛИН 39,00 ден/кг 39,00 ден/кг

МАЗУТ 39,181 ден/кг 39,780 ден/кг