22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев на ТВ 24: СДСМ ќе победи бидејќи има најдобри кандидати и најголем коалиционен потенцијал

На локалните избори, очекувам јасна победа која ќе биде јасно видлива и во бројот на градоначалници и во бројот на освоени советнички места, поголем број на освоени гласови, победа во Град Скопје, тоа е чиста победа, порача вечерва претседателот Зоран Заев во интервју за Телевизија 24.

„Очекувам навистина да се носат одлуките за најдоброто, не само за кандидати, туку и за програмите, општините се важен фактор на секојдневниот живот на граѓаните, не е само тие што имаат деца,училиштата, градинките, значи комуналните претпријатија, противпожарни, културните институции, први јануари веќе е фискалната децентрализација што ја најавивме, ги зајакнуваме финансиски општините, ќе се додецентрализираат, значи општините ќе стануваат уште поважен фактор во секојдневието на луѓето. Затоа е многу важно граѓаните да изберат од тоа што го имаат како понуда најдоброто, затоа што сите знаеме дека нашата општина, нашиот град сака да се натпреварува со сите, да биде подобар, и на основа на тоа да имаме подобро место за живеење.

Второ што очекувам е верификација на политиките, иако се локални избори, иако се избори на личности, навистина партиите помалку имаат влијание, се своевиден барем еден фрагмент од верификацијата на политиките, и тоа го очекувам да биде јасна порака испратена. Трето, затоа што го имаме најголемиот коалиционен потенцијал на овие избори“ порача Заев.

Во однос на родовата застапеност, претседателот Заев посочи дека и на овие избори како и на парламентарните избори, на листите има целосна родова застапеност, односно целосно е испочитуван принципот 50-50 на жени и мажи на советничките листи.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T