22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИККУЈНАНАПРАВИ САМ

Сочни, чоколадни, се топат во уста – рецепт за легендарните Нанаимо коцки

Потеклото на овој кремаст, чоколаден колач е обвиено во тајност и повеќе народи тврдат дека е нивен. Но, сите кулинарски експерти знааат дека коцките Нанаимо потекнуваат од истоимениот град во канадската провинција Британска Колумбија.

Ако ве интересираат фактите и приказните за овој феноменален десерт, можете да ги прочитате сите нагаѓања на Википедија. Инаку, во 1986 година, градоначалникот на Нанаимо, Грејм Робертс, заедно со трговскиот центар „Харбор парк“, иницираа натпревар за пронаоѓање на конечниот рецепт за Нанаимо коцките. Речиси 100 различни варијации на славната посластица беа пријавени во текот на четиринеделниот натпревар.

Ова е класичен рецепт за Нанаимо коцки кои се сметаат за традиционален канадски колач и како такви се познати низ целиот свет:

Долен слој

1/2 чаша несолен путер (125 мл), 1/4 чаша шеќер (60 мл), 5 лажици какао (75 мл), 1 јајце, 1 3/4 чаша бисквит трошки од интегрално брашно (415 мл), 1/2 чаша ситно сецкани бадеми (125 мл), 1 чаша кокос (250 мл).

Растопете ги првите три состојки во сад потопен во врела вода. Додадете го јајцето и промешајте да се свари и згусне. Тргнете ги од огнот. Измешајте ги бисквит-трошките, кокосот и бадемите. Цврсто притиснете го „бисквитот“ во незамастен калап со дијаметар од 20 х 20 цм.

Втор слој

1/2 чаша несолен путер (125 мл), 2 лажици и 2 лажички крем-павлака (40 мл), 2 лажици пудинг од ванила во прав (30 мл), 2 чаши шеќер во прав (500 мл).

Добро измешајте го путерот, кремот, пудингот во прав и шеќерот во прав. Добро изматете ја смесата, па размачкајте ја на долниот слој.

Трет слој

4 квадрати полуслатко чоколадо (по 30 гр), 2 лажици несолен путер (30 мл). Растопете ги чоколадото и путерот на тивок оган. Оставете да се излади. Кога е студено, но сепак течно, прелијте го вториот слој на коцките, и потоа ставете ги во фрижидер.

Можеби ќе ве интересира

Највкусна кога ќе преноќи: Рецепт за розен торта

M T

Домашен рецепт за НАЈДОБРИОТ АЈВАР кој никогаш не разочарува

M T

Направете сами ТОРТИЉА ЧИПС: Едноставен рецепт, а за многумина омилена закуска

M T

Совршени со филм или добра книга: Уживајте во овие домашни кифлички

M T

Вкус кој долго ќе се памети: Гравче со месо печено во рерна

M T

МИРИЗЛИВИ И МЕКИ – Рецепт за домашни солени кифлички

M T