23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи: Воспоставивме дипломатски односи со Филипини

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и неговиот колега од Филипини, Теодоро Л. Локсин, потпишаа заедничко комунике за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.

„Ваквиот чекор ги потврдува заложбите на Северна Македонија за градење пријателски односи и воспоставување партнерства и со географски оддалечени земји. Отворањето на ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји нуди дополнителни можности за промоција на економските и трговските врски, како и зајакнување на досегашната успешна соработка на мултилатерално ниво”, истакна министерот Османи.

Чинот на официјализација на пријателството меѓу Северна Македонија и Филипини, се реализираше на 76-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк, а претставува солидна основа за унапредување на дијалогот на сите нивоа, како и за градење на договорната рамка и развој на соработката во голем број области како културата, образованието, здравството и туризмот.

Филипини е 181 земја со која Северна Македонија има воспоставено дипломатски односи.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Османи во Собрание ги претстави приоритетите на претседавањето со ОБСЕ

M T

Oсмани-Рикер: Ангажманот на САД во Западен Балкан е гаранција за стабилност и напредок

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Османи-Рибеиро: Разменети мислења за состојбата со медиумските слободи во регионот на ОБСЕ

M T

Османи – Хофрајтер: Германија е клучен политички партнер на Македонија

M T

Османи во Виена ги претстави приоритетите за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година

M T