Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Температури и до 0 степени, есента стигна – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Денес ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, кој ќе продолжи и утре.

Од утре до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски, и некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени. За време на викендот повторно ќе има пораст на температурите.

Прогноза за 24.09.2021
Минимална температура: 0°C до 10°C
Максимална температура: 15°C до 24°C
Наутро студено, преку денот претежно сончево и потопло со умерен северозападен ветер.

Прогноза за 25.09.2021
Минимална температура: 2°C до 11°C
Максимална температура: 23°C до 30°C
Наутро студено, а преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе ддува слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 26.09.2021
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 25°C до 32°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој поладне на места ќе засилува и ќе го промени правецот во југоисточен.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК