Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Анкетата на Брима потврди, СДСМ е убедлив фаворит, победник на локалните избори, претседателот Заев со најголема доверба од граѓаните

– Граѓаните во континуитет ги препознаваат успешните мерки и политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. Тоа го потврдуваат бројни релевантни испитувања на јавното мислење. Последното во низата е испитувањето на „Брима“ каде СДСМ има стабилно и солидно водство пред ВМРО-ДПМНЕ и останатите политички субјекти, велат од СДСМ.

– На прашањето „доколку денеска се одржат парламентарни избори за која политичка партија или коалиција би гласале?“ 19,5 отсто од испитаниците се изјасниле за СДСМ, а 17,5 за ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев и понатаму е политичар со најголема доверба од граѓаните од 11,8 отсто, додека Христијан Мицкоски има само седум отсто.

ВМРО-ДПМНЕ за прв пат има најслаб резултат на овие анкети откако Брима го прави својот политички Барометар.

Ова е силна потврда дека граѓаните се против деструкциите, лажните вести и блокадите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Додека СДСМ се бори за правда, да нема недопирливи пред законите, ВМРО-ДПМНЕ брани криминалци, додека СДСМ креира и реализира економски мерки за помош, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира истите.

Граѓаните не сакаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во времето на режимот, граѓаните сакаат да продолжи развојот и напредокот на општините и државата со СДСМ.

На овие локални избори граѓаните ќе застанат зад концептот на СДСМ кој води напред, концепт на нови инвестиции за локален развој.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и нивниот концепт на лажни вести и дезинформации одново ќе бидат поразени, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Заменик претседателот на Владата Фетаи на средба со швајцарскиот амбасадор Сомер

ДЕСК

СВР Охрид предупредува на голема измама: Непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори

ДЕСК

Полицијата апсеше лица за огревни дрвја без жиг

ДЕСК