22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Историјата се повторува: Лажните анкети од кујната на ВМРО-ДПМНЕ најавуваа победа на Коце Трајановски со 10% на локалните избори во 2017

Пред секои избори пропагандната кујна на ВМРО-ДПМНЕ шири резултати од лажни анкети спроведени од сомнителни агенции, институти или организации. Најновата анкета што ја шират медиуми блиски на ВМРО-ДПМНЕ е спроведена од некаква „Организација за граѓански активизам и независност”, која нема ниту веб-страница и за која никој нема чуено пред да биде објавена анкетата.

За потсетување, една седмица пред локалните избори во 2017, ВМРО-ДПМНЕ ширеше лажни анкети од нивните партиски институти и агенции дека Коце Трајановски водел во Скопје над 10% пред Петре Шилегов.

Наместо пропагандната лага „Коце Трајановски со убедлива предност пред Петре Шилегов“, вистината како шило излезе на површина на денот на изборите. Кандидатот за градоначалник на Скопје Петре Шилегов победи со над 40.000 гласови предност во однос на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, уште во првиот круг.

Никој од ВМРО-ДПМНЕ не им се извини на граѓаните за лажната анкета според која Коце Трајановски наводно водел пред Петре Шилегов со 36.2% спрема 26.1%.


(Фото: Како ВМРО-ДПМНЕ ширеше лажни анкети и табели во 2017)

На локалните избори за Град Скопје во 2021 ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат и нема своја политичка понуда за скопјани, освен лажни анкети кои ја фаворизираат лажната „независна“ кандидатка поддржана од партиската коалиција ВМРО-ДПМНЕ-АА-АЛТЕРНАТИВА.

Спонзорирано: