16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Вескоски: Единствен повод за грубите манипулации за моја лична дискредитација е убедливото водство и високиот рејтинг на сите анкети, вклучително и анкетите на ВМРО ДПМНЕ во трката за градоначалник на Општина Карпош

Обраќање на Душко Вескоски:

Нема да дозволам најтранспарентното јавно претпријатие во државата, ЈП Водовод и канализација Скопје, да биде злоупотребено во дневно политички цели.
👉Единствен повод за грубите манипулации за моја лична дискредитација е убедливото водство и високиот рејтинг на сите анкети, вклучително и анкетите на ВМРО ДПМНЕ во трката за градоначалник на Општина Карпош.

👉Хронолошки со приложена документација во целост на јавноста ви ја прикажувам законски спроведената јавна набавка:

📌Предметната јавна набавка е започната во 2019 година по што е склучена рамковна спогодба со 5 најреномирани фирми од областа на нискоградбата во државата.
📌Во месец Јули од Општина Карпош е издадено одобрение за реконструкција на водоводната и канализациона мрежа.

📌По добиеното одобрение е започната постапка за негативно аукциско наддавање, на која учествувале сите 5 фирми. Како најповолен понудувач е избрана посочената фирма КБК инжинеринг по повеќекратно намалување на почетната цена. Ниту во тој момент а ниту до ден денес ниту еден од учесниците во јавната набавка не вложил жалба на спроведената јавна набавка.

📌По завршената негативна аукција на 09.10.2020 година склучен е договор со посочената фирма по што истата е воведена во работа. На 30.10.2020 година завршена е реконструкцијата на канализационата мрежа а на 25.12.2020 година е завршена реконструкцијата на водоводната мрежа. За изведените градежни работи уредно се водени градежни дневници и книги, потпишани од овластен надзор и техничко лице. Во прилог ви ја доставувам на увид градежната документација.

👉Целокупната документација за оваа јавна набавка веднаш ја ставам на располагање на надлежните органи (Јавно Обвинителство, МВР и Бирото за судско вештачење), а воедно ќе поднесам кривична пријава за лажно пријавување и тужба за клевета.

Спонзорирано: