Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

СДСМ разоткри: Нема крај на подмолноста на ВМРО-ДПМНЕ, стари фотографии објавуваат како сегашни и безобразно лажат

– Деновиве капитулираше центарот за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, во очај фотографии од пред две години ги објавуваат како сегашни за да пласираат соопштенија преку кои безобразно лажат, велат од СДСМ.

– Подмолноста и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски го достигнаа врвот.

Уште еднаш се потврди дека за оваа партија ниту се важни граѓаните, ниту е важен здравствениот систем, ним им е важно само да се обидат да спечалат некаков ситен политички поен дури и во време на големи несреќи.

Освен што ќе бидат запаметени дека постојано се на страната на коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоки ќе бидат запаметени и по тоа што ги злоупотребуваат чувствата на семејствата на загинатите во пожарот, исто како што претходно ги злоупотребуваа чувствата на семејствата на починатите од коронавирусот.

Нема крај на подмолноста и нечовечкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода четворица разбојници во Скопје веднаш по добиената пријава дека во Градскиот парк одзеле пари од малолетници, следува кривична пријава

ДЕСК

СДСМ: Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче огради се од криминалите на Заев, засукај ги ракавите и стави ја СДС на нозе која ја доведе на раб на исчезнување, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави

ДЕСК