Centar.mk
вестИЗБОРЛОКАЛНОТЕМА

Попов: Универзалната сала, срцето и симболот на Скопје конечно се враќа во полн сјај

Фејсбук статус на Мартин Попов од СДСМ:

Ова е место на моите детски насмевки, израснав овде! Плочникот на Универзалната сала е доказ за моите први чекори, за моите детски радости.

Тревникот на Универзалната сала беше најубавиот фудбалски терен, а кошот беше место каде се раѓаа ѕвезди. Ова е место каде што се градеа пријателства, се остваруваа соништа. Овде пораснаа славејчињата, овде со години се создаваа културата, традицијата и уметноста.

Денеска, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов започна да ја создава новата историја на македонската култура. Драги скопјани и скопјанки, драги универзалци, проектот станува реалност! Универзалната сала, срцето и симболот на Скопје конечно се враќа во полн сјај.

Можеби ќе ве интересира

Битола: Граѓаните со свои предлози го креираат буџетот за 2027 година

ДЕСК

Ученици од Општина Илинден во посета на градоначалникот Александар Георгиевски

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“

ДЕСК