Centar.mk
ЛОКАЛНОИЗБОРвест

Терминот променет – Ова ќе биде времето кога сообраќајот низ Скопје ќе се пренасочува низ Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека поради промена на терминот за одржување на манифестацијата “Вело Фиеста” изменет режим на сообраќај во главниот град на 19.09.2021 ќе има во периодот од 09 до 14.00 часот, а не од 18 до 23 часот како што информиравме во претходното соопштение.

Посебниот режим на сообраќај ќе биде на истите улици кои претходно ги наведовме.

На дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Можеби ќе ве интересира

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 117 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

C +

Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена

C +