Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Пописот е успешен и основи за оспорување нема

Немам дилеми и никој не треба да има дилеми дека пописот успешно ќе биде спроведен, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ, во гостувањето на Сител телевизија. Тој сподели дека според последните информации над 900 илјади граѓани се попишани, а за време на викендов очекува бројка од над еден милион од теренското попишување.

-Зголемено е и попишувањето онлајн, а на крај податоците ќе се вкрстат со оние од теренското попишување. На терен работата се спроведува одлично и се надминати сите технички недостатоци од почетокот. Со МВР и Телеком се работи и на спречување на хакерски напади. МВР работи на откривање на сторителите, а станува збор за ИП-адреси од странство, откри Маричиќ.

Министерот кажа дека просекот на попишување е сто илјади граѓани дневно и оценува дека добар е одзивот, нема посериозен отпор, освен поединечни случаи.

-Нема масовен бојкот како што вели Левица, ете нивни членови се воедно и попишувачи, иако, морам да нагласам дека отворен беше повикот и кандидатите се бираа без разлика на партиската припадност. Ова е натпартиска операција, техничка и статистичка, изјави Маричиќ.

Тој кажа дека податоците се безбедни, по електронски пат се испраќаат до Заводот, а потоа се вкрстуваат со дата бази од шест институции и затоа процесот на терен трае по пет-шест минути.

-Основи за оспорување на пописот нема, заклучи Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК