Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Подгответе се за невреме од утре и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Услови за краткотраен пороен дожд ќе има во недела и понеделник. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време со нешто пониски дневни температури

Прогноза за 19.09.2021
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 25°C до 34°C
Претпладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Попладне умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Прогноза за 20.09.2021
Минимална температура: 7°C до 17°C
Максимална температура: 26°C до 35°C
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Прогноза за 21.09.2021
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 22°C до 32°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

НОВ МОДЕЛ НА СТУДЕНТСКО СТИПЕНДИРАЊЕ: 3.000 СТИПЕНДИИ, ПОВЕЌЕ МОЖНОСТИ И ПОДДРШКА ЗА СТУДЕНТИТЕ

ДЕСК

22 состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија

ДЕСК

ПРВО ВИКАЛ И СЕ ОДНЕСУВАЛ АГРЕСИВНО, ПА ГО ОШТЕТИЛ „ФОРДОТ“ – Ноќен инцидент во Охрид

ДЕСК