Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев се заблагодари на граѓаните кои ја препознаа важноста за успешен попис – Досега 502 илјади попишани граѓани

Упатувам голема благодарност до граѓаните кои ја препознаваат важноста од брзо и успешно спроведување на пописот и кои со масовен одзив учествуваат во оваа статистичка и државничка операција, порача премиерот Зоран Заев.

– До денеска, заклучно со 18.00 часот, попишани се повеќе од 502.000 лица.

Им честитам на сите ангажирани лица при спроведување на пописот и на Државниот завод за статистика, за нивната професионалност и за посветеноста на сите попишувачи кои работат на терен на цела територија на нашата држава.

Очекувам пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да се завршат до 30 септември, порача Заев.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК