Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Клиниката за инфективни болести го осудува чинот на објавување видео на пациентка со ковид која има тешко психичко заболување

Соопштение на Инфективна:

Клиниката за инфективни болести го осудува чинот на објавување видео на пациентка со ковид која има тешко психичко заболување. Во време на пандемијата, Клиниката лекува секакви пациенти, со коморбидитети, комбинирани хронични заболувања, пациенти со психички растројства. Секој пациент кој требало да се хоспитализира не е вратен и ја добил соодветната нега. КИБФС заштитувајќи ги правата на пациентите, во конкретниот случај нема да сподели детални податоци во врска со нејзината хронична болест. Таа во моментов се чуствува добро, излекувана е од вирусот и за околу два дена ќе биде пуштена дома. КИБФС апелира медиумите да ги почитуваат правата на пациентите, да известуваат професионално и непристрасно, а од состојбата на пациентите да не прават сензации.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ПЕТ ЧАСА БЕЗ СТРУЈА ВО ТЕТОВСКО – Објавени локациите и термините за планираните исклучувања

ДЕСК

НОЕМВРИ НОСИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 23 СТЕПЕНИ, НО И СИЛЕН ВЕТЕР НАД 60 КМ/Ч – УХМР најавува дождови, магла и ново затоплување во Македонија

ДЕСК

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК