26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Јасно е зошто не е пратеник – Мицкоски си ги толкува Уставот и законите како што му одговара

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно покажува дека е залутан во политиката со неговата последна изјава. Тој го повика министерот Венко Филипче својата оставка да ја поднесе до Собранието, а не до премиерот, неводејќи сметка за правилата и законите.

Ова не е прв пат Мицкоски да не знае како функционираат институциите на државата, па можеби тоа е дополнителна причина зошто опозицискиот лидер не се појави на пратеничките листи на претходните парламентарни избори. Како човекот кој се претставуваше како „шпицен кандидат“ за премиер очекува да ја води државата, кога ни тој, а ни правниците околу него не ги разбираат законите и законските прописи?

Со реакција на оваа негова изјава излезе професорот од правниот факултет Борче Давитковски кој појасни дека министер може да поднесе оставка само до премиерот, а не до Собранието, бидејќи премиерот е тој кој ги именува министрите.

„Оставка се поднесува до мандаторот кој вас ве предложил. Нема што министерот да му поднесува оставка на спикерот Талат Џафери. Заев е мандатар, тој форимирал влада, а Филипче е тим од владата. Ако ја прифати премиерот оставката, на негово место ќе предложи друг за кој потоа ќе се изјасни Собранието. Собранието само гласа тоа што ќе му предложи мандаторот. ВМРО-ДПМНЕ може да поднесе барање за разрешување на министерот, но мора убаво да ги образложат причините по кои Собранието ќе расправа и сето тоа пак ќе се сведе на интерпелација. Ваквите изведби на ВМРО-ДПМНЕ се игри за ситни политички поени. Правилата се јасни“ – вели професор Давитковски.

Мицкоски во своето обраќање му даде рок на министерот Филипче од три дена да поднесе оставка во Собранието, во спротивно неговата партија ќе поднесела предлог одлука за разрешување на министерот.

На ова, пак, реагираше претседателот на Собранието, Талат Џафери, според кого пратениците може да поднесуваат само иницијатива за интерпелација и кажа дека според него, воопшто не постои можност за постапка за разрешување.

„Јас не можам да ја процесиурам. Тоа тие можат да поднесат предлог-одлука, ама содржината која се однесува на работа која не е законодавна постапка, како ќе оди во второ читање таа постапка? Ќе оди на Комисија за избори и именување за да се поднесат амандмани? Немојте, тоа се пропишани работи и процедури коишто се надвор од она што е Деловникот“, рече Џафери.