Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

ОЈО за гонење организиран криминал и корупција ќе ги истражува јавните набавки за изградба на модуларните болници

Трагичниот настан што се случи во Тетово иницираше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција согласно своите надлежности да отвори предмет по допрен глас. Постапката е во насока на проверка на спроведувањето и реализацијата на јавните набавки за изградба на модуларните болници во државава, стои во соопштениетот од ова институција.

За таа цел, нагласуваат од таму, денеска до Бирото за јавни набавки и Министерството за труд и социјална политика е издадена Наредба за обезбедување на севкупната документација поврзана со изградбата на сите 19 модуларни болници.

Според најавите, прибраните материјални докази ќе бидат предмет на анализа во насока на утврдување дали документацијата за спроведената јавна набавка соодветствува со техничката документација за овие објекти.

Воедно, согласно своите надлежности Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе преземе и други дејствија за прибирање на докази со цел утврдување на фактичката состојба, се нагласува во писменото соопштение.​

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК