Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt) пристигнуваат деновиве во Северна Македонија за да ја помогнат истрагата околу несреќата во Тетово

Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот КОВИД центар во болницата во Тетово.

Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција (https://www.bka.de/EN/Home/home_node.html) чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација.

Во специјалните задачи кои ги работи БКА е и тим кој работи на истраги со жртви во катастрофи и несреќи.

Станува збор за институција која во Германија има 60-годишна традиција на дејствување, со околу 7000 вработени.

Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК