Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Од утре ќе се анализира како се пропуштале посети за ковид-пациентите во Тетово

Како и колку придружници биле во ковид-болницата најпрвин ќе направиме анализа, која ќе почне од утре од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Засега знаеме дека биле двајца во посета, рече министерот за здравство, Венко Филипче, на попладневната прес-конференција во врска со пожарот во Тетово.

Тој нагласи дека посетите за ковид-пациенти начелно се забранети насекаде, но добил информација дека со серификати за вакцинација роднините биле пуштани да ги посетат пациентите, а не да ги чуваат.

„Тоа е нешто што е традиционална глетка во нашите болници и од лично искуство знам дека тоа е тешко да се менаџира“, посочи министерот.

Филипче рече ѝ дека засега може само да се шпекулира дали починатите се само пациенти или меѓу нив има лица и од придружбата, а за точна информација ќе треба да се почекаат резултатите од ДНК-анализата.

Во пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово животот го загубија 14 пациенти, од вкупно 26 што биле таму на лекување. Преживеаните 12 се пефрлени во тетовската болница и се во стабилна состојба. Покрај тоа, според податоците на Филипче, присутни биле и двајца лекари и 4 медицински сестри.

Министерот исто така истакна дека починатите биле на возраст од 29 до 79 години.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за односи меѓу заедниците ги продолжува консултациите за Стратегијата за мултикултурализам и општествена кохезија 2027–2032

ДЕСК

Петрушевски: Го повикуваме ЈО да реагира за ширењето на паника за Алта банка, од страна на функционери на СДС на чело со Филипче за ситни политички поени

ДЕСК

НИ СВАТОВИ, НИ ТАПАНИ, А БРАКОТ ЗАПИШАН – Матичар од Слупчане заработи кривична пријава

ДЕСК