Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ќе се истражува и компанијата што ги одобрила А-тестовите за болницата, увери Филипче

Во однос на менаџирањето со болницата, во делот на системот за гаснење пожари, ќе почекаме резултат од истрагата, посочи министерот Венко Филипче на попладневната прес-конференција во врска со пожарот во Тетово.

Тој најави дека и компанијата, која ги одобрила безбедносните тестови за модуларната болница, ќе биде дел од истрагата.

„Болницата е дадена целосно средена, без никакви недостатоци. Тоа е во согласност со процедурата. Сите овие ставки ги има тука во документацијата, но треба да почекаме на институциите. Доколку дозволат, ние може и да го споделиме тоа, но мислам дека бидејќи сега ќе бидат дел од истрагата, јавно не ќе смееме да ги соопштуваме овие работи“, истакна Филипче.

Во однос на тоа дали модуларните болници се безбедни, министерот тврди дека се.

„Апсолутно мислам дека болниците се безбедни, сите инсталации се таму присутни. И во сертификатите што ги анализиравме, сите тие се сертификати за кавалитет, огноотпорност и А-тест – од сите производители и од страна на надлежната контрола, за секој еден дел“, увери министерот за здравство.

Тој уште еднаш нагласи дека сите информации се во документацијата, која ќе биде споделена со надлежните институции.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК