Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Народниот правобранител за трагедијата во Тетово – Само ефикасна истрага ќе докаже дека функционира правната држава

Народниот правобранител изразува длабоко жалење за трагичниот настан во болницата во Тетово, во кој животот го загубија голем број пациенти хоспитализирани за лекување од Ковид-19, а во кој има и повредени пациенти и здравствени работници.

„Сцените од ширењето на пламените јазици, борбата за спасување на секој човечки живот никого не можат да го остават рамнодушен.Секоја слика од овој немил настан создава болка и предизвикува тага за загубата која ја претрпеа голем број семејства“, се вели во соопштението испратено од таму.

Народниот правобранител изразува сочувство до семејствата на трагично загинатите лица, а воедно изразува надеж за брзо закрепнување и оздравување на повредените во овој настан. Смета дека само со брза и ефикасна истрага ќе се докаже дека функционира правната држава- системот.

„Одговорност за трагичниот настан мора да има. Тоа државата во најмала рака им го должи на семејствата кои останаа без своите најблиски“, потенцира Народниот правобранител.

Можеби ќе ве интересира

УТРОВО НУЛА СТЕПЕНИ ВО ЛАЗАРОПОЛЕ, 11 ВО ОХРИД И ПРЕТОР – Објавени измерените температури низ Македонија

ДЕСК

ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ БАРА ПОСТРОГИ КАЗНИ ЗА КОРУПЦИЈА – Целосна конфискација на незаконски стекнатиот имот

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

ДЕСК