Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се огласи премиерот Зоран Заев: Експлозија предизвикала пожар – Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар

Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе, соопшти предмалку премиерот Зоран Заев.

– Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените.

Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.

Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од денешното ВМРО

C +