Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Николчо Илиев е утврден кандидат за градночалник на Кочани, соопшти СДСМ

– Актуелниот градоначалник на општина Кочани, Николчо Илиев е кандидатот на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ за градоначалник за претстојните локални избори,велат од СДСМ.

Со тоа ја комплетираме понудата од 69 кандидати за градоначалници.

Со бројните реализирани проекти, со големата поддршка од граѓаните и членството, Илиев е најдобрата понуда за Кочани и за следните четири години.

Кочани мора да продолжи да се развива и напредува, а тоа е возможно само со Илиев и СДСМ на чело на
општината.

Граѓаните знаат и чувствуваат дека работите се менуваат на подобро, затоа ја даваат поддршката на СДСМ, затоа коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ е фаворит на претстојните избори.

Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ е гарант дека ќе продолжи развојот на Кочани, развојот на општините и регионите, гарант дека ќе продолжи напредокот на државата, велат од СДСМ:

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК