Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Наташа Котлар: Скопје 2014 е проект на СДСМ

Наташа Котлар, кандидат на Глас за Македонија поддржана од ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, во вестите на Сител изјави дека проектот Скопје 2014 не е баш проект на претходната власт, туку дека истиот бил изгласан од СДСМ. На прашањето на новинарот што таа ќе направи по однос на спомениците изградени од проектот Скопје 2014. Котлар рече: „Скопје 2014 не е баш на проект на претходната власт, тој проект беше изгласан токму од претставниците на оваа власт“, одговори Котлар алудирајќи дека власта на СДСМ го овозможила проектот.

Во своето прво интервју Котлар меѓу другото рече дека општина Центар заслужува нов дух и квалитет на живот. Таа се осврна и на пописот велејќи дека штом претставниците на власта толку многу го рекламираат, нешто не е во ред со него. „Како што се одвиваат сите нешта и претходно и самиот ден, денеска гледаме по медиумите толку многу претставници од власта се покажаа да го рекламираат пописот што веднаш ви кажува дека нешто не е во ред“, без да прецизира на што точно мисли.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК