Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Четворица повредени во страотна сообраќајка на патот Берово – Струмица, ауди излета од пат

На 05.09.2021 во 20.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Преведена“, патничко моторно возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Г.(39) од Радово, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата возачот и тројца сопатници Н.С.(37) од с.Просениково, М.А.(39) од Струмица и В.М.(37) од с.Добрејци, се здобиле со повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Берово.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Цела недела Владата на Мицкоски не презема мерки за цените на горивата

C +

ПЕТОК Е НЕРАБОТЕН ДЕН, СЛЕДУВА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Ова се сите преостанати неработни денови до крајот на годинава

ДЕСК

Патаниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата во останатиот дел од државава?

ДЕСК