22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На 15 септември истекува рокот за аплицирање за средношколски стипендии

Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирањето на новите конкурси за доделување на средношколски стипендии за учебната 2021-2022 година, како и поднесувањето документи за обнова на правото на стипендија за тековните корисници кои истото го оствариле во некоја од изминатите учебни години, а исполнуваат услови за продолжување.

Конкурсите за доделување на ученички стипендии се објавени на следниот линк. Во секој од нив се наведени условите, критериумите, потребните документи и роковите за аплицирање со цел остварување на правото на користење на соодветната стипендија.

Постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото. Учениците кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука (директно или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје со точна назнака). Аплицирањето трае до 15 септември 2021 година.

Поднесувањето пак, на документите за продолжување на правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите години трае до 30 септември 2021. Секој корисник на стипендија, електронски на посочениот портал или хартиено до МОН треба да достави Потврда за редовен ученик за учебната 2021/2022 година и копија од последното свидетелство.

МОН обезбедува поддршка за апликантите преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк.

Инаку, МОН и Владата оваа година одлучија значително да ја променат политиката на стипендирање на ученици, со цел да се излезе во пресрет на што повеќе млади, но и да добијат зголемени месечни износи со кои навистина ќе ја почувствуваат поддршката која државата им ја обезбедува во текот на образовниот процес.

Па така, за најголем дел од категориите на ученички стипендии кои се доделуваа и досега, месечните износи се зголемени за околу 60 проценти, а воедно воведени се и нови категории, од кои, позначајни се оние за ученици кои ќе се запишат во дуални паралелки, во дефицитарни струки или пак во тригодишно средно стручно образование.

Можеби ќе ве интересира

Овие намирници немаат рок на траење, може да се чуваат на собна температура

M T

Шаќири: Нa 255.000 основци и средношколци им посакувам вредно да учат и да ги надоградуваат знаењата и вештините, како влог во посакуваната иднина за себе и за татковината

M T

Овие 8 намирници можете слободно да ги јадете по истекот на рокот

M T

Список на намирници кои НЕМААТ рок на траење: Можат да траат ВЕЧНО ако внимавате на неколку работи

M T

МЖСПП: ГЛОБЕ програмата рестартирана со американска помош – Основците и средношколците преку испитувањa, набљудувања и мерења ќе учат за животната средина

M T

Доделени 20 стипендии „Борис Трајковски“ за студии на пан-европска извршна програма од втор циклус на Сити Колеџот во Солун во соработка со универзитетите Јорк и Стразбур

M T